Најсмртоносниот напад во последните десет години

Пред да го изврши масакрот во училиштето во Тексас, убиецот пукал во својата баба

Како што објави Си-ен-ен, повикувајќи се на повеќе извори, пред масакрот убиецот ја застрелал својата баба, која е пренесена во болница и се наоѓа во критична состојба. Бројот на жртвите порасна на 19 деца и двајца возрасни.

Фото: ЕПА

Информацијата за Си-ен-ен ја потврдиле три лица поврзани со истрагата, а полицијата само официјално им потврди дека бабата е пренесена во болница.

18-годишниот Салвадор Рамос упадна во основно училиште во Тексас и уби 19 деца и двајца возрасни, а потоа и самиот загина, најверојатно при престрелка со полицијата. Пукањето се случило во 11:17 часот по локално време во основното училиште Роб во Увалде, мал град во југозападниот дел на Тексас.

Повеќе од 10 деца се повредени, а една жена и едно девојче се во критична состојба. Станува збор за училиште во кое учат ученици до четврто одделение. Ги има околу петстотини и повеќето од нив се со шпанско потекло и сиромашен економски статус.

Ова е најсмртоносниот напад во основните училишта во САД откако пред десет години беа убиени дваесет деца и шест наставници во пукање во училиштето Сенди Хук во Конектикат.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Неколку години при здрав разум сакаат да ни наметнат и да нѐ убедат дека со соседна Бугарија сме имале заедничка историја. 

повеќе

Деновиве во Комората пристигна нацрт-концептот за даночни реформи, кој треба да претставува основа за јавна расправа во наредниот период.

повеќе

Концептот е насочен кон креирање на оптимален даночен систем, кој ќе го поддржи економскиот раст, а со тоа и животниот стандард на нашите граѓани.

 

повеќе