На тоа реагираше претседателот на српскиот парламент Ивица Дачиќ кој од Камбери побара да го тргне знамето.
„Доколку нема толкава толеранција“, кажа Камбери, а го прекина Дачиќ.
„Нормално дека немаме толеранција за кршење на деловникот, барам од вас да го тргнете знамето“, кажа Дачиќ.
Камбери потоа повторно се јави за збор и кажа дека тоа што се бара од него да го тргне знамето на Албанија е цензура.
„Јас вас најљубезно ве молам да го почитувате деловникот на Народната скупштина и одлуката за внатрешниот ред во која јасно пишува дека е забрането истакнување симболи на партија и странска држава освен во просториите доделени на партиите“, наведе Дачиќ.
Камбери потоа го тргна знамето.
Српската премиерка Ана Брнабиќ кажа дека тоа што Камбери наместо за проблеми расправа за знамето на Албанија, тоа кажува сè.
„Навистина би сакала да зборуваме за поконкретни нешта. Ако вие мислите дека имате право на сопствено знаме и дека е потребно да разговараме за знаме на друга држава, тоа зборува за вас колку мислите дека постојат реални проблеми за албанското население во Прешево и Бујановац“, кажа Брнабиќ.