Пратениците ја обвинуваат владата дека го уценува секој што сака да го смени Џонсон

Висок конзервативен пратеник во четвртокот ја обвини британската влада за заплашување и обид за „уцена" на пратениците кои сакаат да го сменат премиерот Борис Џонсон.

Фото: ЕПА

Откако победи на изборите во 2019 година со најимпресивната победа во повеќе од 30 години за да го спроведе брегзит, Џонсон е на работ на гласање недоверба по лутите реакции од неговите конзервативци поради тврдењата дека во резиденцијата на премиерот се одржувале забави за време на строгиот карантин за другите граѓани.

Некои помлади пратеници од конзервативците на Џонсон покренаа постапка за да го сменат, но вистинската бура ја предизвика еден од пратениците со најдолг стаж кога во парламентот му порача на премиерот „побогу, тргни се“.

За да се активира гласање за недоверба на Џонсон, потребна е поддршка од 54 пратеници. Џонсон (57) вети дека ќе продолжи да се бори и рече дека ќе ја води Конзервативната партија на следните избори. Но, Вилијам Враг, претседател на парламентарната Комисија за јавна управа и уставни прашања, која ги надгледува уставните норми, ја обвини владата за уцена.

„Во последните денови, многу членови на парламентот беа под притисок, трпеа заплашувања од владата затоа што се изјаснија или се претпоставува дека сакаат да напишат писма за недоверба на премиерот“, рече Враг. „Покрај тоа, извештаите за кои дознав звучат како уцена. Затоа, мој совет до колегите би бил да го пријават ова до претседателот на долниот дом и (лондонската) полиција“.

Како одговор на ваквото обвинување, Џонсон за електронските медиуми изјави „дека не видел никакви докази, не слушнал никакви докази што би ги потврдиле таквите наводи“. Кристијан Вејкфорд, пратеник од Џонсоновата партија, кој во средата пребегна кај лабуристите, рече дека владата се заканила дека ќе скрати пари за ново училиште во неговата изборна единица ако одбие да гласа по партиска линија.

„Ми се заканија дека нема да добијам училиште за Редклиф ако не гласам“, изјави Вејкфорд за Би-би-си и објасни: „Тоа место нема средно училиште во последниве 10 години и како треба човек да се чувствува кога ќе му кажат дека нема да има обнова поради еден глас, не се чувствуваш удобно“.

Гневот во партијата расте, но сè уште не е достигнат прагот потребен за гласање недоверба, а неколку конзервативни пратеници сакаат да причекаат да заврши истрага за прекршувањето на мерките на карантин, предводена од високата функционерка Сју Греј.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Постоењето на еден отпорен, одржлив и правичен систем на храна е нешто што мора да биде столб на секоја агенда која има за цел за климатско ублажување или адаптација.

повеќе

Економската криза е лоша во сите сфери на живеењето, но од неа можеме и да научиме по нешто.

повеќе

Во саботата во јавноста го претставивме предлог-ребалансот на Буџетот за 2022 година, откако истиот беше усвоен од страна на Владата.

повеќе