Пожарникарите се борат со пожарот во близина на Атина, евакуирани се повеќе од 600 луѓе

По евакуацијата на стотина жители во текот на ноќта, околу 500 пожарникари го гаснеа големиот шумски пожар кој втор ден по ред им се заканува на ридските предградија на Атина.

Фото: ЕПА

Пожарите сè уште беснеат низ јужна Европа, но властите во Франција, Шпанија и Португалија пријавија подобрени временски услови бидејќи температурите веќе не се екстремно високи.

Во Атина најмалку две лица се хоспитализирани со проблеми со дишењето и помали изгореници, а локалните власти соопштија дека неколку куќи изгореле во пожарот околу планината Пентели, 25 километри североисточно од грчката престолнина. Повеќе од 600 луѓе синоќа беа евакуирани од своите домови.

Пожарот е локализиран на сите фронтови и покрај тешките услови, а ветровите дуваа и до 80 километри на час. Но, уште еден пожар избувна во ридовите во близина на градот Мегара, што предизвика дополнителна евакуација.

Грција го избегна топлотниот бран што ги погоди западноевропските земји, но властите велат дека многу топлото и суво време кое трае со недели, и подолготрајното зголемување на температурите го зголемиле севкупниот ризик од шумски пожари.

На пожарникарите во Шпанија и Португалија суптропските температури им дозволија малку одмор, но се предвидува дека во наредните денови повторно ќе бидат 40 степени Целзиусови. Во серијата пожари во северозападна Шпанија изгореа 85 куќи, а 1.400 луѓе беа принудени да се евакуираат.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Предложеното законско решение се фокусира на аудиовизуелниот/радиодифузниот сектор, игнорирајќи ги последниве две децении на развој на дигиталниот домен и на интернет, со сите негови позитивни и негативни страни.

повеќе

Според последното истражување на организацијата ПИНА, базирано врз анкети направени со 103 новинарки, 24,1% од новинарките добиле закани за физичко насилство, а 19,5% и закани по животот.

повеќе