Пожар во руска нафтена рафинерија кај границата со Украина (ВИДЕО)

Пожар избувна утрово во единицата за пренос на топлина во руската рафинерија за нафта Новошахтинск, лоцирана во јужниот дел на Ростовската област, која граничи со Украина, соопшти локалната служба за вонредни состојби.

Фото: скриншот

На непроверена снимка на социјалните мрежи се гледа беспилотно летало како лета над објект и како избувнува пожар меѓу цевководите, по што следува експлозија, пренесува Ројтерс.

Никој не е повреден во инцидентот во рафинеријата, која има годишен капацитет до 7,5 милиони тони. Противпожарната бригада работи на гаснење на пожарот, соопшти службата за вонредни ситуации.

Русија ги истражуваше причините за големиот пожар што кон крајот на април избувна во складиште за нафта во градот Брјанск на 154 километри североисточно од границата со Украина.

Легенда под Главна слика

Фото: скриншот

На 6 октомври 1946 година почна носењето на моштите на Гоце Делчев од Софија во Скопје, столицата на слободна Македонија.

повеќе

Постои нужна потреба од прилагодување на студиските програми, соодветните силабуси и наставниот курикулум на реалната потреба на пазарот на труд во државата.

повеќе

Во текот на оваа и претходната година, инфлацијата ја задуши македонската економија. 

повеќе