Повеќето Словаци сакаат Русија да ја добие војната во Украина

Повеќе од половина од Словаците би ја поздравиле воената победа на Русија над Украина, покажа новото истражување објавено во средата, пренесува Еурактив.

Фото: ЕПА

Репрезентативната анкета наречена „Како си, Словачка?“ е спроведена од агенциите МНФОРС и Сезаме и Словачката академија на науките.

Анкетираните требало да одговорат на истражувањето користејќи скала од 10 точки, според која 1 значи чиста победа за Русија, а 10 за Украина.

Приближно една петтина од испитаниците рекле дека посакуваат чиста победа за Русија, а повеќе од половина рекле дека се наклонети кон руска победа.

Во меѓувреме, само една третина рекле дека се наклонети кон победа на Украина, а само 18% рекле дека им е сеедно.

На партиско ниво јасно се забележуваат поделби. На пример, огромното мнозинство од гласачите на СМЕР-СД на поранешниот премиер Роберт Фицо се на руска страна.

Фицо е гласен противник на антируските санкции, па дури и годишнината од Словачкото национално востание ја прослави со рускиот амбасадор. СМЕР-СД сè уште е член на Партијата на европските социјалисти (ПЕС).

Што се однесува на географските разлики, само населението на Братислава има мнозинство луѓе што сакаат Украина да победи.

Словачка долго време беше една од најпроруските земји во ЕУ, заедно со Бугарија.

Истражувањето спроведено во летото 2021 година покажа дека 55% од Словаците имаат позитивно мислење за рускиот претседател Владимир Путин. Меѓу земјите од централна и источна Европа, само Бугарите имаат подобро мислење за Путин од нив (75%).

Во февруари 2022 година, пред инвазијата, 44 отсто од луѓето ги обвинуваа НАТО и САД за тензиите на украинските граници, додека само 33 отсто ја обвинуваа Русија.

Во однос на членството во НАТО, само 45% го поддржаа во истражувањето од 2021 година. Веднаш по инвазијата, поддршката се зголеми, но неодамна повторно почна да опаѓа, вели Еурактив.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе

Трагично е што воопшто треба да се бориме за зачувување на институција која отсекогаш била стожер на културниот живот во Македонија.

повеќе

Македонија нема рециклирачки капацитет за пластичната амбалажа, а со увозот на ѓубре како гориво во индустријата, станува и неофицијална депонија на ЕУ.

повеќе