Повеќето Австријци се против враќање на Курц на функцијата канцелар

Големо мнозинство Австријци се против враќање на Себастијан Курц на местото канцелар, покажува истражувањето на јавното мислење на институтот Јуник рисрч.

EPA-EFE

Така 73 отсто од Австријците сметаат дека лидерот на Народната партија на Австрија (ОВП) не би требало повторно да стане канцелар.

Само 22 отсто од анкетираните би сакале во блиска иднина да видат враќање на Курц.

Само поддржувачите на ОВП, и тоа 69 отсто од нив, го поддржуваат Курц и сакаат тој да се врати на челото на владата.

Курц, поради отворање истрага против него за проневера и мито, мораше да даде оставка.

Истражувањето на јавното мислење покажува и дека јасно мнозинство од Австријците веруваат дека сигурно има нешто зад обвиненијата.

Само 23 отсто мислат дека обвинувањата се невистинити.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе