Повеќе од 110 загинати во лавини и поплави во Пакистан, Индија и Авганистан (ФОТО+ВИДЕО)

Лавини, дождови и поплави однесоа повеќе од 110 човечки животи во Пакистан, Индија и Авганистан во последните две недели, објавија денеска надлежните од тие земји.

Најмалку 75 лица се загинати, а десетици други се повредени во Пакистан, каде многу луѓе се водат за исчезнати, изјавија официјалните лица, пренесе АФП.

Ројтерс пренесе дека најмалку 57 лица загинаа во лавини во покраината Кашмир.

Само во долината Неелум, лавините однесоа најмалку 19 животи и биле предизвикани од обилните дождови што предизвикаа свлечишта и лизгање на земјиштето, соопштија пакистанските власти. Многу луѓе се водат како исчезнати и се стравува дека бројот на загинати ќе расте, изјави официјален претставник.

Во соседна Индија најмалку десет лица загинаа во неколку лавини што го зафатија индискиот дел од покраината што ја делат двете земји.

Полицискиот командант соопшти дека петмина војници биле меѓу десетте загинати на границата меѓу Индија и Пакистан. Таа област е една од оние со најмногу распоредени војници во светот, бидејќи војските на двете држави со децении се спорат околу територијата. Кашмир е поделен меѓу Индија и Пакистан откако овие држави се стекнаа со независност во 1947 година и на таа граница во децении се убиени десетици илјади луѓе.

Метеоролошките прогнози предвидуваат и поголемо влошување на времето во наредните денови.

Ројтерс јави дека силен снег уништил неколку домови во планинската област во југозападната пакистанска провинција Балучистан и усмрти 17 лица.

Студеното време и обилниот снег убиле 39 лица во шест покраини во Авганистан во изминатите две недели, според портпаролот на канцеларијата за управување со природни непогоди во авганистанската престолнина Кабул.

Македонија од своето осамостојување постојано е на листата држави за чии граѓани е потребно да имаат британски визи доколку сакаат да патуваат во Обединетото кралство. 

повеќе

Една од особеностите на словенската јазична група е дека нема случај два народи да зборуваат еден ист јазик или барем тоа да е официјално признаено.

повеќе