Совет на ЕУ

Потврдена одлуката: ревакцинираните можат во ЕУ

Европската Унија вчера одлучи да ги отвори границите за сите комплетно вакцинирани патници со вакцините одобрени од ЕМА или СЗО: Фајзер, Модерна, Астразенека, Џонсон и Џонсон, како и вакцините на кинескиот производител Синофарм.

Фото: ЕПА

Денес Советот на ЕУ усвои препорака со која се олеснуваат ограничувањата на патувањето, односно го поддржа укинувањето на одредени ограничувања за вакцинираните лица. Се ублажуваат и критериумите за влегување на листата на трети земји на чии граѓани им е дозволено да патуваат во ЕУ, во зависност од епидемиолошката состојба во тие земји. Исто така, препораката се однесува и на прифаќање на дигиталните сертификати на трети земји.

Во Брисел за Танјуг велат дека препораката ќе стапи во сила утре, откако ќе биде објавена во Јавниот весник, и дека нејзината примена ќе зависи од одделните земји-членки.

„Земјите-членки треба да ги укинат ограничувањата за несуштинското патување за државјани на трети земји што ја примиле последната препорачана доза вакцина одобрена од Европската агенција за лекови најмалку 14 дена пред пристигнувањето. Земјите-членки исто така можат да ги укинат ограничувањата за патниците што ги примиле препорачаните дози на вакцините одобрени од Светската здравствена организација за итна употреба најмалку 14 дена пред влегувањето“, се вели во соопштението на Советот на ЕУ.

За да се укинат ограничувањата за несуштински патувања за одредена трета земја, според новите правила, бројот на случаите на ковид-19 на 100.000 жители во последните 14 дена е зголемен од 25 на 75.

Советот на ЕУ препорача земјите-членки, до донесувањето на регулативата за признавање на дигиталните зелени сертификати, да можат да „прифаќаат сертификати од трети земји што содржат барем минимални податоци“, во согласност со националното законодавство и земајќи ја предвид потребата да се потврдат автентичноста, валидноста и интегритетот на сертификатот.

Во случај на брзо влошување на епидемиолошката состојба во трета земја или откривање загрижувачки нов сој на вирусот, Советот на ЕУ ги повикува земјите-членки да усвојат итни привремени ограничувања на сите патувања во ЕУ, кои не треба да се однесуваат на ЕУ-државјаните и категории на одредени патници, кои сепак треба да бидат подложени на соодветни мерки за тестирање и карантин, дури и ако се целосно вакцинирани.

Европската Унија вчера одлучи да ги отвори границите за сите патници што го завршиле процесот на вакцинација против коронавирусот со вакцините одобрени од Европската агенција за лекови (ЕМА) или Светската здравствена организација (СЗО), пишува Њујорк тајмс. Ова значи дека покрај вакцините одобрени од ЕМА - Фајзер, Модерна, Астразенека и Џонсон и Џонсон - на списокот ќе се најдат и вакцините на кинескиот производител Синофарм.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе

Размислуваме како можеме да ја заштедиме и заштитиме водата, но само додека немаме вода!

повеќе

Во последните 30 години сите политички партии, независно од тоа колку демократски се претставуваат во своите програми, на државата гледаат како на инструмент, што е пак првиот сигнал, чекор кон авторитарност.

повеќе