„Ова зависи од многу фактори, пред сè од желбата на земјите да се вклучат во приказната за производство на дронови во Русија. Нормално, тоа ќе трае многу подолго од неколку недели или дури месеци. Јасно е дека тоа нема да се случи брзо“, кажа Јуриј Игнат, портпаролот на украинската војска, за Укринформ. Напомена дека војната е во фаза кога дроновите се сè поважни.
„Војната влезе во фаза во која се материјализираат сè повеќе и повеќе беспилотни летала, тие претставуваат закана од која мораме да се заштитиме, но исто така мораме да ја зголемиме сопствената залиха такви беспилотни летала, таква летечка муниција која може да го погоди непријателот надвор од борбената линија“, додаде Игнат. Тој истакна дека Русија произведува сопствени дронови, и јуришни и разузнавачки.
Додаде дека Иран можеби сака да избегне дополнителни санкции кои би му биле наметнати ако на Русија ѝ ги предаде нацртите на своите дронови. На прашањето дали Техеран ќе ѝ испорача проектили на Москва, портпаролот на украинската војска кажа дека одредени дипломатски фактори можеби го успориле тој процес, но додаде дека Украина мора да биде спремна за сите предизвици.
„Можеби некои дипломатски ресурси и преговори веќе почнаа, некои земји би можеле да разговараат околу ова. Се надеваме дека терористите сепак нема да ги добијат тие проектили, што ќе го ублажи нападот. Можеме само да се надеваме, а во меѓувреме да се подготвиме за сите предизвици“.
Вашингтон пост претходно јави дека Русија и Иран се договориле за склопување на дронови со ирански дизајн на руско тло.