„Бидете уверени дека ваквото известување е потполна глупост“, кажа портпаролот на Борел Петер Стано.
Од извештајот на Вечерње новости се изненадени и дипломатски извори во Брисел, кои наведуваат дека станува збор за „трачеви и измислени конструкции по кои некои медиуми се веќе познати“, додава Н1.
Повикувајќи се на неофицијални информации, Вечерње новости денес објави дека Брисел и Вашингтон подготвуваат листа на очекувања од Белград во процесот на решавање на косовското прашање. Весникот наведе дека тие барања најверојатно ќе му бидат доставени на државниот врв на Србија како неформален документ во кој на Белград ќе му се даде до знаење дека мора да се обврзе дека ќе го признае Косово.