Поранешниот косовски претседател Тачи останува во притворот на Хашкиот суд

Поранешниот претседател на Косово Хашим Тачи, еден од командантите на Ослободителната војска на Косово (УЧК), останува во притворот на Хашкиот суд.

EPA-EFE

Во одлуката објавена денес, апелацискиот совет на судот ја отфрли жалбата на Тачи како неоснована.

Оценија дека судијата на претходна постапка не направил ниедна грешка кога претходно одлучил на поранешниот косовски претседател да му го продолжи притворот за уште два месеци.

Тачи бараше судот да го пушти од притворот во Шевенинген во домашен притвор на Косово. Предложи да го надгледува косовската полиција, силите на Еулекс или чувари од Хаг.

Судијата го отфрли тоа барање како неизводливо и оцени дека ниедна мерка на Косово не би можела да го намали постоечкиот ризик дека Тачи може да ја попречува работата на судот, да вознемирува сведоци или повторно да изврши кривично дело.

Во притворот во Шевенинген Тачи се наоѓа од декември 2020 кога беше уапсен во Приштина.

Против Тачи и уште тројца поранешни команданти на УЧК во 2020 беше потврдено обвинение од 10 точки во кое се наведува дека се обвинети за низа злосторства против човештвото и воени злосторства за време на војната против српските сили во 1998-1999 година.

Во обвинението се вклучени убиства, присилно исчезнување лица, прогон и мачење. Тачи за прв премиер на Косово беше избран во 2008 година, а претседател беше од 2016 година.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Почнавме со спротивставени мислења околу Законот за работни односи, со кој недела се прогласува за неработен ден. Завршивме на Уставен суд.

повеќе

Да ги споменеме и другите големи глобални предизвици: големите опасности од еколошка катастрофа; зголемувањето на нееднаквоста во нашите општества; и напливот на нови технологии кои можат да го нарушат светот доколку истите не бидат соодветно користени и контролирани.

повеќе

Им благодарам на Русите како креатори, но посебно на бугарските послушни  извршители за пропагандата што ја водат против Македонија. Што направија?

повеќе