Поранешниот каталонски лидер пуштен од притворот во Италија

Поранешниот каталонски лидер Карлес Пучдемон е пуштен од притворот во Италија, по одлуката на судот дека може на слобода да го чека сослушувањето на 4 октомври за екстрадицијата во Шпанија, која го обвинува за обид за отцепување на Каталонија.

EPA-EFE

Пучдемон на Сардинија требаше да учествува на фестивал и да се сретне со функционери на овој италијански остров, но веднаш по слетувањето беше уапсен на аеродромот.

Судијката Плинија Клара Азена за Асошиејтед прес кажа дека неговото апсење било оправдано, но дека по прегледувањето на документацијата одлучила дека тој може слободно да патува.

Таа со уште двајца судии на 4 октомври ќе одржи сослушување за одлуката за екстрадиција на Пучдемон на Шпанија.

Сардинија има силно влијание од каталонската култура и сопствено движење за отцепување од Италија.

Пучдемон и понатаму е член на Европскиот парламент, но одземен му е пратеничкиот имунитет.

Премиерот на Шпанија Педро Санчез изјави дека ги почитува сите правни процедури почнати во Шпанија, Европа и во овој случај Италија и повтори дека дијалогот е единственото решение за каталонското прашање.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе

Ентузијазмот во првите месеци од годинава во врска со масовната вакцинација беше таков што Србија во март беше прва меѓу европските држави според бројот на граѓани што примија втора доза на милион жители. 

 

повеќе

Со само 48% вакцинирано население, недозволиви грешки на стручниот штаб за Ковид-19 и масовни протести против вакцинација, очигледно е дека кампањата за вакцинација во Словенија беше навистина неуспешна. 

повеќе