Поранешниот јапонски премиер Шинзо Абе застрелан за време на говор (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО)

Поранешниот јапонски премиер Шинзо Абе e застрелан на предизборен собир во градот Нара, во близина на Осака во западна Јапонија. Нападот се случил додека Абе држел говор.

Фото: ЕПА

Кон Абе биле испукани два истрела, а вториот истрел го погодил во грбот, по што паднал на земја. Поранешниот јапонски премиер се држел за градите кога паднал на земја, а на неговата кошула се гледала трага од крв. Според првите информации од Јапонија, Абе по нападот не давал знаци на живот. Веднаш бил пренесен во болница.

Напаѓачот (41) веднаш по пукањето е уапсен. Тој бил уапсен од обезбедувањето и не се ни обидувал да побегне. Локалната телевизија НХК јавува дека полицијата му го запленила пиштолот и го идентификувала.

Јапонската телевизија НХК објави дека напаѓачот Тецуја Јамагами, 41-годишен поранешен маринец од Нара, рекол дека не бил задоволен од Абе и сакал да го убие.

Абе беше јапонски премиер со најдолг стаж. Тој поднесе оставка во 2020 година поради здравствени причини. Подоцна откри дека боледува од тешка болест на цревата.

„Шинзо Абе е пренесен во болница и е на смртна постела“, изјави актуелниот јапонски премиер Фумио Кишида.

Кишида рече дека се моли Абе да го преживее нападот. Тој најостро го осуди нападот и рече дека тоа е „апсолутно непростлив“.

Тој го осуди нападот како „варварски и злонамерен чин“ и рече дека не може да се толерира.

Тој додаде дека на сите министри им е наредено да се вратат во Токио, но рече дека не е донесена никаква одлука за промена на изборниот распоред.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе