За настаните од 2008 година

Поранешна заменичка на американскиот амбасадор во Белград: Коштуница е виновен за нападот на амбасадата на САД

Главниот виновник што се случил нападот врз американската амбасада во Белград е поранешниот премиер на Србија Војислав Коштуница, изјави за Војс оф Америка Џенифер Браш, поранешна заменичка на американскиот амбасадор во Белград.

EPA-EFE

Некогашното здание на американското дипломатско претставништво во улицата Кнез Милош во белград беше запалено за време на протестите „Косово е Србија“ во февруари 2008, неколку дена откако Косово прогласи независност.

Војс оф Америка потсетува дека во насилствата животот го загуби едно лице, а дека условната казна им била укината на четворица осудени извршители, додека на тројца, поради недостиг на докази, им биле потврдени ослободувачките пресуди.

„Немаше никаква реакција, што не вџаши. Подоцна од сведоци дознав дека тогашниот премиер Војислав Коштуница, за време на нападот, присуствувал на служба во храмот Свети Сава, каде што ја примил информацијата за нападот врз американската амбасада. Неговиот одговор бил отприлика: „Немојте да реагирате“. Значи, Коштуница ѝ дал наредба на полицијата да не преземе ништо“, истакна Браш.

Петмина некогашни високи полициски функционери во октомври би требало да се појават на суд, на подготвително рочиште во постапката која се води против нив за неспречување на нападите на американската и германската амбасада во Белград.

Браш оценува дека фалтот што рочиштето било закажано во јули, но било одложено, укажува на неспремност на владата на Србија да го реши случајот, кој веќе 11 години се одложува.

Поранешната заменичка на амбасадорот истакна дека заштитата на странските дипломатски објекти и дипломатскиот персонал прецизно е предвидена со Виенската конвенција, чија потписничка е Србија.

По повод изјавата на џенифер Браш, Демократската партија на Србија која своевремено ја предводеше Коштуница, ја оцени како „несфатлива дрскост“ што на меѓународното право и конвенциите се повикуваат претставници на САД.

Во соопштението на партијата се потсетува дека САД „брутално газејќи го меѓународното право, извршија агресија врз Србија, ја опсипаа со осиромашен ураниум и касетни бомби, убивајќи цивили и рушејќи инфраструктурни и стопански објекти“.

„Додека не одговараат за извршената агресија и извршените злосторства, нивното спомнување на обврските од Виенската конвенција е одраз на ароганцијата и насилничката политика, која САД ја направија најомразена земја во светот“, се оценува во соопштението.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе