Како што пренесуваат словенечките медиуми, Роп во својот исказ во окружниот суд во Љубљана кажал дека бил неправедно осуден и подоцна неправосилно осуден, додека пресудата на крајот ја отфрлил врховниот суд, и дека поради тој случај претрпел материјална и нематеријална штета, поради што бара соодветна отштета.
Станува збор за случај од словенечката предизборна кампања во 2004 година, кога Роп, тогаш претседател на владата на Словенија, го обвини лидерот на опозицијата и подоцнежен премиер Јанез Јанша дека со тогашниот хрватски премиер Иво Санадер „договарал“ предизвикување „инциденти во Пиранскиот Залив“, за партијата на Јанша на тоа политички да профитира и да добие повеќе гласови на парламентарните избори одржани таа година.
Роп тогаш јавно изнесуваше тврдења дека словенечката разузнавачка служба ги снимала телефонските разговори на Јанша и Санадер и дека за тоа има докази, што не успеа да го докаже, додека во приватна судска тужба која поради клевета против него ја поднесе Јанша се согласи на судска спогодба чии детали не се објавени.