Поранешен саудиски разузнавач: Принцот е психопат, се фалеше дека ќе го убие кралот

Престолонаследникот и де факто владетел на Саудиска Арабија предложил покојниот крал Абдула да биде убие со „отровен прстен", изјави поранешен водечки саудиски разузнавач.

Фото: ЕПА

Во интервју за Си-би-ес, Саад ал Џабри рече дека Мохамед бин Салман му рекол на свој братучед во 2014 година дека сака да го стори тоа за да го исчисти тронот за својот татко.

Во тоа време во владејачкото семејство имало тензии околу тоа кој ќе седне на тронот.

Саудиската влада го оцени Џабри за поранешен дискредитиран функционер со долга историја на измислици.

Џабри во интервју за Си-би-ес рече дека престолонаследникот Мохамед, де факто владетел на Саудиска Арабија и син на кралот Салман, е „психопат, убиец со неограничени ресурси на Блискиот Исток, кој претставува закана за својот народ, Американците и планетата“.

Џабри тврди дека на состанок во 2014 година, принцот му предложил на својот братучед, принцот Мохамед бин Најеф, тогашниот министер за внатрешни работи, да организира убиство на кралот Абдула.

„Му рече: Сакам да го убијам кралот Абдула. Добив отровен прстен од Русија. Доволно ми е да се ракувам со него и ќе биде готов“, рече Џабри.

„Без оглед дали само се шегуваше... тој го кажа тоа и ние го сфативме сериозно“.

Абдула почина во 2015 година на 90-годишна возраст, а го наследи неговиот полубрат Салман, таткото на Мохамед бин Салман кој го назначи Мохамед бин Најеф за наследник на тронот.

Две години подоцна, Бин Најеф бил заменет со Бин Салман како наследник на тронот. Бин Најеф, исто така, ја изгубил и функцијата министер за внатрешни работи и наводно бил ставен во домашен притвор пред да биде приведен минатата година под непознати обвиненија.

Џабри побегна во Канада кога бил соборен Мохамед бин Најеф.

Тој, исто така, во интервјуто рече дека пријател од блискоисточната разузнавачка служба го предупредил дека Мохамед бин Салман испратил тим убијци по него во октомври 2018 година, само неколку дена откако саудиски агенти го убија дисидентниот саудиски новинар Џамал Кашоги во Турција.

Тој рече дека тим од шест лица слетал на аеродромот во Отава, но биле депортирани откако цариниците кај нив пронашле „сомнителна опрема за ДНК анализа“.

Принцот Мохамед ги негира обвинувањата, како и вмешаноста во убиството на Кашоги, иако американските разузнавачки агенции оценија дека тој ја одобрил операцијата.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе

Тешко е да се очекува дека ветото ќе биде туку-така тргнато. Дури и кога би се постигнал некаков договор, тоа би значело дека Македонија направила тешки и болни компромиси за да дојде до решение, имајќи ги предвид тврдите позиции на Бугарија.

повеќе

Лошите прогнози за инфлацијата и зголемувањето на цените на сите енергенси, не упатува кон еден заклучок - обновливите извори на енергија, заедно со вложувањето во самоодржливост и економијата на подарувањето сега се позначајни отколку кога и да е претходно.

повеќе