Поранешен бугарски вицепремиер: Гаранцијата за Ф-16 е пократка отколку за електрични уреди

Поранешниот потпретседател на бугарската влада Румен Гечев оцени дека е скандалозно тоа што Бугарија од САД купува авиони Ф-16 кои постојат само на скица.

Меѓутоа, според него, уште поскандалозен е фактот што таков исклучително скап производ има само шест месеци гаранција, односно четири пати помалку од гаранцијата за електрични уреди во ЕУ.

Бугарија минатата година се најде на првото место според растот на воените трошоци, благодарение на купувањето на американските авиони Ф-16. Бугарија е инаку земјата со најниска минимална плата во Европската Унија – 312 евра.

„Однапред го плативме целиот износ одеднаш – за скица и за ветување дека испораката на авионите ќе почне од 2023 година. Меѓутоа, неодамна се дозна дека тој рок може да се продолжи до јануари 2027 година. Во оваа ситуација, како што велат, здравиот разум е немоќен во проценката на таканаречената евроатлантска солидарност, на која еднострано ѝ служи актуелната бугарска влада“, кажа Гечев.

Секој може да биде менаџер во „добри денови", но најчесто менаџерската работа не е за „добрите денови" туку постојан баланс помеѓу проблемите и можностите за оптимизирано управување на компанијата.

повеќе

Нека се соберат во Дојран, нека се договорат и нека нѐ известат. Сите други пак нека се спремаат за вистински избори во постпандемискиот период.

повеќе

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе