Паника во Велика Британија

Пораката на Камерон до Шкотите: Очајнички сакаме да останете, не го растурајте семејството! (ВИДЕО)

Британскиот премиер Дејвид Камерон ги предупредил денес Шкотите дека независноста би била „скок во непознато“, пренесува Франс прес.

Осум дена пред референдумот за одвојување на Шкотска од Обединетото Кралство, Камерон, заменикот премиер и лидер на либералдемократите Ник Клег и лидерот на опозицијата Ед Милибанд ненадејно решиле да ја посетат Шкотска и да ги убедат гласачите да гласаат за останување во заедницата.

Посетата ја одразува загриженоста во таборот на унионистите по најновата анкета, која покажала дека исходот на референдумот е крајно неизвесен, пишува француската агенција.

На зградата на британската влада во Даунинг стрит вчера било закачено шкотското сино-бело знаме, а Милибанд ги повикал сите јавни објекти низ земјата да го закачат знамето на кралското семејство како повик до Шкотите да останат во унијата.

„Обединетото Кралство е драгоцена и посебна земја“, истакнал Камерон во авторскиот текст објавен во повеќе британски весници. „Затоа, нека на сите во Шкотска им биде јасно: ние очајно сакаме да останете, не сакаме нашето семејство на народи да се подели. Доколку Велика Британија се подели, ќе остане засекогаш поделена. Вашиот избор е, значи, јасен: скок во непознато ако заокружите „да“, или сјајна иднина за Шкотска ако одберете „не““.

Лондон до пред само неколку недели не беше загрижен околу референдумот на 18 септември бидејќи анкетите редовно покажуваа дека убедливо мнозинство гласачи се за останување во Кралството.

Ситуацијата, меѓутоа, ненадејно се смени минатиот викенд, кога таборот за независност за првпат доби предност, а анкетата објавена два дена подоцна покажа дека двете страни се изедначени.

Референдумот во Шкотска е прво вакво изјаснување во Европската Унија.

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе

Освен неколку изолирани обиди, повеќето луѓе не реагираат кај институциите и не бараат одговорност. 

повеќе

Отворено писмо до претседателот Пендаровски и  академска фела во Македонија.

повеќе