Аеродромот ќе биде затворен до 31 јануари, кога би требало да бидат ублажени третите рестрикции низ земјата доколку властите не ги продолжат.
Ова е прв пат од почетокот на пандемијата Израел да спречи граѓаните на таа земја да влегуваат во неа, истакнуваат израелските медиуми.
Не можат да допатуваат ни емигрантите кои продолжија да доаѓаат за време на пандемијата, и покрај ограничувањата за влез на оние кои не се граѓани на Израел.
Врз основа на наредбата на владата на сите комерцијални летови им е забрането да влезат во израелскиот воздушен простор и да слетаат на аеродромот во Тел Авив, а исклучок се товарните и авионите кои ја надлетуваат еврејската држава без слетување.
Од земјата ќе можат да заминат само оние кои одат на лекување, судење, погреби на роднини или да завршат важна работа, но и тогаш само со приватни авиони.
Министерството за здравство може да издаде дозволи за патување врз основа на хуманитарни или „специјални лични причини“ во време кога патниците од странство се идентификувани како главен извор на инфекцијата во земјата.
Британскиот сој на коронавирусот поприлично циркулира во Израел и е откриен кај речиси половина од новите случаи, а освен тоа има 27 случаи на јужноафриканскиот сој, и четири од калифорнискиот.
Тие соеви би можеле да бидат отпорни на вакцините во време кога во Израел 2,6 милиони жители ја примиле првата доза, а 1,1 милион двете. Според бројот на вакцинирани во однос а бројот на жители таа земја е прва во светот, а целта е до крајот на март да го вакцинира целото население постаро од 16 години.
Во Израел повеќе од 600.000 луѓе се инфицирани од почетокот на пандемијата, а 4.478 починале од последици на ковид-19, вклучувајќи и над 1.000 смртни случаи овој месец.