Поради прашања за Украина

Помпео прекинал интервју, викал на новинарка и пцуел (ВИДЕО)

Мајк Помпео викал, со пцуење, на новинарката Мари Луиз Кели по интервју кое го прекинал откако му поставувала прашања за Украина.

За интервјуто со американскиот државен секретар кое било договорено и водено во Стејт департментот се огласи и Нешнал паблик радио (НПР).

Помпео не сакал да одговори на повторените прашања за Украна и американската амбасадорка во Киев, наведувајќи дека се согласил на интервју за политиката на администрацијата кон Иран.

Новинарката тврди дека со неговите соработници било договорено и Украина да биде една од темите.

Во соопштението на НПР се вели дека „веднаш по прашањата за Украина, интервјуто завршило“.

Помпео станал и ја гледал Кели неколку секунди, а потоа ја напуштил просторијата. Неговиот соработник ја замолил Кели да тргне по Помпео во неговите простории во Стејт департментот, без диктафонот, се наведува во соопштението.

Помпео потоа гласно изразил незадоволство поради прашањата за Украина. Повеќе пати употребил пцовки и ја прашал новинарката: „Дали вие мислите дека на Американците им е гајле за Украина?“

Новинарката подоцна кажа: „Ме одведоа во приватните простории на секретарот, каде чекаше и викаше на мене отприлика исто толку долго колку што траеше интервјуто“.

Таа додаде и дека користел пцовки.

Тогаш ја прашал дали може да ја најде Украина на мапа, а кога одговорила потврдно, тој ги повикал соработниците да му донесат мапа на светот без обележани земји.

„Ја покажав Украина. Потоа ја тргна мапата. Кажа – луѓето ќе слушнат за ова, се сврте и кажа дека има работа, а јас му се заблагодарив на издвоеното време и заминав“, кажа новинарката.

Ни Белата куќа ни Стејт департментот не одговорија на барањата за коментар.

Кога политичарите сватија за каква моќна алатка се работи, час поскоро побрзаа да менуваат закони со кои „бомбите" нема да бидат докази.

повеќе

Брегзитот, односно напуштањето на Велика Британија на ЕУ, без сомневање ќе влијае врз градењето на новата политичка архитектура во Европа, со нова поделба на интересни зони на стариот континент.

повеќе

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе