Помпео ја посети Голанската висорамнина, прв американски државен секретар што ја посетил територијата

Мајк Помпео ја посети Голанската висорамнина, што е прва посета на американски државен секретар на таа сириска територија под израелска окупација, предупредувајќи дека би било „опасно" за еврејската држава доколку таа стратешка област останела под сириска контрола.

Фото: ЕПА

„Замислете колкава би била опасноста за Западот и за Израел доколку таа територија беше под контрола на Асад“, рече Помпео во Голан.

Соединетите Држави под претседателство на Доналд Трамп се единствената земја што го призна израелскиот суверенитет на таа висорамнина што ѝ беше одземена на Сирија во Шестдневната војна во 1967 година.

„Ова е дел од Израел, важен дел од Израел“, додаде Помпео, кој таму разговараше со израелскиот колега Габи Ашкенази.

„Како поранешен директор на ЦИА, тој ги знае фактите, но сакаше да дојде тука за лично да се увери и да го слушне извештајот од воените команданти“, рече Ашкенази.

Денес на Голанската висорамнина живеат околу 25.000 доселеници заедно со околу 23.000 Друзи кои главно се чувствуваат Сиријци, но имаат постојан престој во Израел.

Оваа територија, северно од Галилејското Море, е стратешки важна поради изворот на вода.

Израел посочува дека милиции блиски на Иран, непријател на Израел, ја искористиле сириската војна за да се утврдат на сириската територија.

Израел од почетокот на војната во 2011 година извршил стотици воздушни и ракетни напади врз Сирија, насочени кон иранските сили и борците на Хезболах кои му помагаат на сирискиот режим во војната и силите на сириската влада.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Структурното насилство кон трансродовите и родово небинарните луѓе е препрека во нивното реализирање како полноправни членови на општеството.

повеќе

И сега вие замислете, на едно детенце од 6 години да му кажувате со авторитет на наставник дека не треба да се дефинира како машко или женско.

повеќе

Засега СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и нивните заеднички алтер-фабрикати не даваат впечаток дека го разбираат новосоздадениот замаец.

повеќе