Помошничката на Епстајн повеќе нема да ги крие имињата на 8 мажи поврзани со силувања

Гислејн Максвел повеќе нема да го штити идентитетот на осумте мажи кои наводно се поврзани со искористување и сексуално злоставување малолетнички.

EPA-EFE

На Максвел ѝ се заканува казна затвор до 65 години, што значи дека остатокот од животот би можела да го помине затворена.

Според една нејзина адвокатка, Лора Менингер, Максвел повеќе нема да се противи на објавување на идентитетот на осуммината мажи чиј идентитет е скриен во тужбата од 2015 година, пренесува Си-ен-ен. Граѓанската тужба против Максвел во 2015 ја почна Вирџинија Џифре, жената која го обвинува принцот Ендрју за силување.

Адвокатката пресвртот го објави во писмо кое е напишано истиот ден кога судијата одби да го отфрли случајот против принцот Ендрју, на кој во меѓувреме му се одземени сите кралски титули и покровителство и ќе се соочи со тужбата како граѓанин.

Адвокатката Џифре тврди дека најмалку две неидентификувани лица не се противат на објавувањето на нивните имиња.

Конечната одлука за објавување на имињата ќе ја донесе сојузната судијка Лорета Преска.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе