Поморска вежба на НАТО во Балтичко Море, учествуваат и Финска и Шведска

Организацијата на Северноатлантскиот договор (НАТО) на 5 јуни почна 12-дневна поморска вежба во Балтичко Море, во која учествуваат повеќе од 7.000 морнари, пилоти и маринци од 16 земји, вклучително и две што се стремат да ѝ се приклучат на алијансата, Финска и Шведска, известува Радио Слободна Европа.

Фото: ЕПА

Вежбата БАЛТОПС, која ќе ја водат Соединетите Американски Држави, се одржува од 1972 година и не се работи за одговор на која било конкретна закана.

Сепак, НАТО соопшти дека „бидејќи ќе учествуваат и Шведска и Финска, НАТО ќе ја искористи шансата да ја зајакне својата отпорност и сила во непредвидливиот свет“, заедно со двете нордиски земји.

Финска и Шведска имаа долга историја на неутрална воена политика, пред нивните влади во мај да одлучат да аплицираат за членство во НАТО, директна последица на руската инвазија на Украина.

Претходните години официјална Москва постојано ги предупредуваше Хелсинки и Стокхолм да не ѝ се приклучуваат на западната воена алијанса и се закануваше со одмазда доколку тоа се случи.

Пред поморската вежба, во која ќе учествуваат 45 бродови и 75 авиони, висок американски воен функционер во Шведска, која е домаќин, порача дека е особено важно НАТО да покаже поддршка за Хелсинки и Стокхолм.

„Важно е САД и другите земји на НАТО да покажат солидарност со Финска и Шведска во оваа вежба“, рече генералот Марк Мили, претседател на Здружениот генералштаб на Соединетите Американски Држави, за време на прес-конференцијата во саботата, 4 јуни, на амфибискиот боен брод УСС Керсарџ, кој е вкотвен во Стокхолм.

Во разговор со шведската премиерка Магдалена Андерсон, Мили ја истакна стратегиската важност на Балтичко Море, кое го нарече „еден од најголемите светски поморски патишта“.

Тој оцени дека од руска гледна точка, членството на Финска и Шведска во НАТО ќе биде „многу проблематично“ и ќе ја остави Русија во тешка воена позиција, бидејќи брегот на Балтичко Море ќе биде речиси целосно опкружен со членки на НАТО, освен руската ексклава во Балтикот, Калининград, и Санкт Петербург и околните области.

Турција, членка на НАТО со добри односи со Русија, се спротивстави на приклучувањето на Финска и Шведска во алијансата, тврдејќи дека тие ја поддржуваат курдската група што Турција ја карактеризира како терористичка.

Првиот човек на НАТО се обидува да го реши овој спор.

БАЛТОПС 22 ќе заврши во германскиот пристаништен град Кил на 17 јуни.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Одлучната изборна победа на италијанската десница овозможува нејзиниот лидер да биде првата жена премиер во Италија и прва која тврди дека недвосмислено има постфашистичко потекло.

повеќе

Нов фронт за работа на градежните фирми на веќе изградените згради (и куќи) треба да биде топлинската изолација.

повеќе

Во Македонија не постои никаква забрана за конверзиона терапија, а лиценцираните психолози што може да се јават како спроведувачи или наведувачи на ваква „терапија“, за жал, не сносат никакви последици.

повеќе