Премиерката е во процес на рутински проверки, пренесе Ројтерс вечерва, повикувајќи се на изјава на претставник на владата на државната телевизија.
Наводно сообраќајната несреќа се случила во близина на полскиот град Краков.
Премиерката неодамна претрпе и друг автомобилски инцидент. Додека Шидло беше во посета на Израел во ноември, возилата од нејзината поворката се судрија, по што две лица беа повредени. Самата министерка тогаш не беше повредена.
Zdjęcia z wypadku premier Beaty Szydło. https://t.co/qD1q9b5QTw #Oświęcim pic.twitter.com/0HA1oiryEC
— Waldemar Kowal (@waldekk08) February 10, 2017
Полски функционер изјави дека Шидло сега добила модринки и повреда на ногата. „За среќа, ништо сериозно не ѝ се случи на премиерката“, цитираше Ројтерс.
Наводно, приватен автомобил удрил во лимузината на премиерката.