Полска вели дека е погодена од руска ракета додека НАТО размислува како да одговори

Полска, членка на НАТО, во средата соопшти дека ракета од руско производство убила две лица во источна Полска, во близина на Украина, и го повика рускиот амбасадор во Варшава да објасни, откако Москва негираше дека е одговорна.

Полското Министерство за надворешни работи соопшти дека ракетата паднала во вторникот попладне врз Пшеводово, село во источна Полска на околу 6 километри од границата со Украина, при што загинале двајца луѓе. Медиумите објавија дека во нападот е погоден објект за сушење жито.
Ова беше најдеталниот коментар на Полска досега за експлозијата, која се случи во 15:40 часот.
 
Соединетите Држави и западните сојузници рекоа дека истражуваат, но не можеа да го потврдат извештајот дека залутани руски ракети го погодиле селото.
 
Членките на НАТО располагаат со колективна одбрана, така што потенцијалниот руски напад врз Полска може да го прошири конфликтот меѓу Русија и Украина, кој почна со инвазијата на Москва во февруари.
 
Официјален претставник на НАТО рече дека алијансата го разгледува извештајот и се координира со Полска.
 
Полска го крена нивото на готовност на некои воени единици и размислува дали да побара консултации со сојузниците според членот 4 од договорот за НАТО, рече полскиот премиер Матеуш Моравјецки.
 
Американскиот претседател Џо Бајден во телефонски разговор му рече на полскиот претседател Анджеј Дуда дека Вашингтон има „железна посветеност кон НАТО“ и дека ќе ја поддржи истрагата на Полска, соопшти Белата куќа.
 
Асошиејтед прес претходно цитираше висок америнаски разузнавачки функционер дека експлозијата се должи на руски проектили што влегле во Полска.
 
Но во Вашингтон, Пентагон, Белата куќа и Стејт департментот на САД рекоа дека не можат да го потврдат извештајот и дека работат со полската влада за да соберат повеќе информации. Стејт департментот рече дека извештајот е „неверојатно загрижувачки“.
 
Германија и Канада соопштија дека ја следат ситуацијата, а Европската Унија, Холандија и Норвешка рекоа дека бараат повеќе детали. Францускиот претседател Емануел Макрон нареди да се проверат информациите, додека Британија „итно“ го разгледуваше извештајот.
 
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека руски ракети ја погодиле Полска, што е „значителна ескалација“ на конфликтот, но не даде докази, вели Ројтерс.

Почнавме со спротивставени мислења околу Законот за работни односи, со кој недела се прогласува за неработен ден. Завршивме на Уставен суд.

повеќе

Да ги споменеме и другите големи глобални предизвици: големите опасности од еколошка катастрофа; зголемувањето на нееднаквоста во нашите општества; и напливот на нови технологии кои можат да го нарушат светот доколку истите не бидат соодветно користени и контролирани.

повеќе

Им благодарам на Русите како креатори, но посебно на бугарските послушни  извршители за пропагандата што ја водат против Македонија. Што направија?

повеќе