„Мораме да ги зајакнеме своите сили на дел од границата со Калининград. Ќе размислиме за изградба на утврдувања слични на оние какви што имаме на полско-белоруската граница“, кажа Соболевски во интервју за државното Полско радио одговарајќи на прашањето за можноста Русија „да испрати бегалци од Азија и Африка“ во Полска преку Калининград.
Калининград е руска енклава која се наоѓа меѓу Полска и Литванија. Станува збор за територија која советските сили ја ослободија од нацистичка Германија во 1945 година, па по Потсдамскиот договор стана прво дел од СССР, а потоа од Русија.
Станува збор за најзападната руска територија и единствениот дел од Русија кој е опкружен со членки на НАТО и ЕУ.