Полска ѝ се заканува на ЕУ: Ако не ни платите пари, ќе го извадиме целото оружје од арсенал

Полска ќе ѝ возврати на Европската унија доколку не ѝ исплати средства наменети за закрепнување од пандемијата, изјавија денеска владејачките полски политичари откако Брисел сигнализираше дека не е задоволен со најновите судски реформи во Варшава.

Фото: ЕПА

Повеќе од 35 милијарди евра се ставени во мирување поради спорот меѓу Брисел и Варшава околу судските реформи за кои ЕУ вели дека ги крши демократските стандарди.

Европската комисија одобри средства за Полска во јуни, но шефицата на тоа тело, Урсула фон дер Лајен, за време на својата посета на земјата рече дека на владеењето на правото уште треба да се работи.

Владејачката партија Право и Правда (ПиС) објави дека целта на судските реформи е да го направи системот поефикасен, отфрлајќи да се меша во судовите од политички причини.

„Доколку има обид да се блокираат плаќањата, а Европската комисија се обиде да изврши притисок врз нас, немаме друг избор освен да го извадиме целото оружје од нашиот арсенал и да одговориме“, изјави генералниот секретар на ПиС Кшиштоф Соболевски за полското радио.

Но, тој не прецизираше на што точно мисли.

Одбивањето на Варшава да се приклучи на европските барања за судството ги поттикна критиките на опозицијата дека ПиС всушност сака да ја извади Полска од Европската унија, што владата го отфрла.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе

Шоковите кои се случуваат истовремено и распадот на меѓународната соработка го направија управувањето со кризи невозможно - барем со користење на стандардните алатки. 

повеќе

Oд Словото за академик Божин Павловски, 80 години од раѓањето и 60 години од неговото творештво.

повеќе