Полска ѝ прати на Украина над 200 стари руски тенкови Т-72

Полска веќе испрати во Украина стари советски тенкови Т-72 во доволен број за да формира две бригади, што значи над 200 тенка, јавува денеска државната информативна агенција на Полското радио.

Фото: ЕПА

„Полска испрати значителен број тенкови во Украина“, потврди шефот на полското Биро за национална безбедност, Павел Солох, за приватната телевизија „Полсат“, но одби да потврди конкретен број.

Полска има околу 400 тенкови Т-72, а само еден дел е одвоен за ремонт и модернизација, додека во Украина беа испратени тие надвор од таа програма, а со тенковите и неколку десетици борбени пешадиски возила, самоодни хаубици и ракетни фрлачи Град, како и ракети воздух-воздух за авиони МИГ-29 и Су-27 што ги користи украинската армија. Полска испраќа и дронови.

„Не можам да дадам конкретни бројки. Можам да ги потврдам претходните зборови на премиерот дека Полска ѝ испрати и ќе продолжи да ѝ испраќа воена помош на Украина, вклучително и тенкови Т-72. Тоа се големи количества“, рече Солох.

Шефот на полското Биро за национална безбедност потсети дека премиерот Матеуш Моравјецки неодамна соопшти дека неговата земја испратила воена помош во износ од 1,7 милијарди евра за Украина.

„Очекуваме дополнително зајакнување на сојузничкото воено присуство. Сите одлуки за испораките од нашите резерви што ги носиме се донесени во контекст на разговорите за зголемено присуство на сојузниците на НАТО. Во моментов имаме 10.000 американски војници во Полска, има и британски, плус почнуваат и воени вежби на нашата територија“, рече Солох.

Полска, исто така, очекува дека, бидејќи ги испраќа своите стари тенкови во Украина, САД ќе побрзаат со испораките на американските тенкови Абрамс, за чие купување неодамна се договори Варшава.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Неколку години при здрав разум сакаат да ни наметнат и да нѐ убедат дека со соседна Бугарија сме имале заедничка историја. 

повеќе

Деновиве во Комората пристигна нацрт-концептот за даночни реформи, кој треба да претставува основа за јавна расправа во наредниот период.

повеќе

Концептот е насочен кон креирање на оптимален даночен систем, кој ќе го поддржи економскиот раст, а со тоа и животниот стандард на нашите граѓани.

 

повеќе