Полска го прифати германскиот предлог за распоредување ракетни системи „патриот“

Полскиот министер за одбрана најави дека неговата земја ќе го прифати предлогот на Германија во Полска да се распореди американски противвоздушен ракетен систем „патриот“.

EPA-EFE

Германија ѝ го даде овој предлог на Полска откако една украинска ракета падна на територијата на Полска во близина на украинската граница и уби двајца Полјаци, пишува Асошиејтед прес.

Полска и НАТО се согласија дека паднатата ракета ја промашила целта за време на дејствување на украинската противвоздушна одбрана против рускиот ракетен напад на 15 ноември.

Полскиот министер за одбрана Мариуш Блашчак прво изјави дека германската понуда ја дочекал со задоволство, меѓутоа лидерот на полската владејачка партија Јарослав Качињски подоцна кажа дека системот „патриот“ би требало да биде поставен во Украина, што Блашчак и други полски функционери го поддржаа.

Блашчак денес на Твитер напиша дека му е жал што Германија не дозволила ракетниот систем да му се даде на Киев.

„Бев разочаран. Поставување на „патриот“ во западна Украина би ја зголемило безбедноста на Полјаците и Украинците“, напиша министерот за одбрана на Полска.

Сепак, тој потврди дека двете страни ги продолжуваат „договорите за поставување на ПВО системот во Полска“ и неговото поврзување со полскиот команден систем.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Калоѓера не може да премолчи, не може да замиже пред историската вистина на Македонија, па затоа во својот живот се определил да македонствува.

повеќе

Слушањето како способност да го фокусираме вниманието на аудитивните дразби е важен аспект на нашиот живот и значително влијае на неговиот квалитет во сите сегменти.

повеќе

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе