Половина од мобилизираните мажи во руски регион вратени дома, неподобни за воена должност

Командант на руската област Хабаровск е сменет од функцијата откако половина од мобилизираните мажи биле испратени дома бидејќи не ги исполнувале критериумите за мобилизација, изјави утрово регионалниот гувернер Михаил Дегтјарев.

Фото: ЕПА

Првата руска мобилизација по Втората светска војна, прогласена од претседателот Владимир Путин на 21 септември, предизвика незадоволство кај службениците и граѓаните во врска со начинот на регрутирање, вклучително и поплаки дека службениците задолжени за мобилизација испраќаат покани до граѓани кои не ги исполнуваат условите.

„За 10 дена неколку илјади наши сонародници добија покани и пристигнаа во воените канцеларии“, изјави Михаил Дегтјарев, гувернер на областа Хабаровск во источна Русија, во видео објава на Телеграм.

„Околу половина од нив ги вративме дома бидејќи не ги исполнуваа критериумите за воена служба“, рече Дегтјарев, пренесе Ројтерс.

Дегтјарев додаде дека разрешувањето на командантот Јуриј Лајко нема да влијае на планот за мобилизација на Путин.

Хаотичната мобилизација на мажи да се борат во Украина поттикна илјадници мажи на борбена возраст да ја напуштат земјата за да ја избегнат мобилизацијата која беше најавена дека ги вклучува оние со воено искуство и експерти, но честопати вклучувала лица без воено искуство, со здравствени проблеми и студенти.

Околу 2.000 луѓе беа уапсени на антивоените протести одржани во повеќе од 30 градови, а некои од нив веднаш потоа добија повик за мобилизација, за што Кремљ рече дека е сосема легално.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Калоѓера не може да премолчи, не може да замиже пред историската вистина на Македонија, па затоа во својот живот се определил да македонствува.

повеќе

Слушањето како способност да го фокусираме вниманието на аудитивните дразби е важен аспект на нашиот живот и значително влијае на неговиот квалитет во сите сегменти.

повеќе

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе