Во текот на расправата почнале да излегуваат на виделина повеќе детали за улогата на државите членки. Засега Полска и Германија имаат најјасни улоги (двете ќе бидат домаќини на штабови за обука), а својот интерес го потврдила и Словачка иако останува да се види дали тоа ќе значи обука на нејзино тло или само учество во обуката во други земји, изјавиле двајца дипломати за Политико.
Францускиот министер за оружени сили Себасиен Лекорну кажа за Ле Паризиен за време на викендот дека претседателот Емануел Макрон веќе договорил план за обука кој на Франција ќе ѝ овозможи да прими до 2.000 украински војници.
И балтичките земји изразиле волја да придонесат. Како можен домаќин се спомнала и Хрватска, откриле дипломатски извори за Политико.
„Хрватската војска континуирано спроведува свои обуки. Во рамки на постоечките обуки спремни сме да примиме и странци, а сè согласно на плановите и законските процедури“, соопшти денес хрватското министерство за одбрана.