Извршиле службени проверки

Полицијата на Косово демантира дека нејзини припадници претепале тројца Срби

Полицијата на Косово демантираше денес дека нејзини припадници во близина на преминот Брњак претепале тројца Срби.

EPA-EFE

Косовската полиција во соопштението истакнува дека таа информација не е точна и дека има за цел „да ја дезинформира јавноста, да ја претстави ситуацијата небезбедна за граѓаните како и за исполнување различни политички амбиции надвор од Косово“.

„По службените проверки се покажа дека таквите информации се невистинити, бидејќи на граничниот премин немало сопирање ни контакти со какви било демонстранти, но полициската единица по пат проверила три камиони, односно нивните возачи кои возеле зад полицискиот конвој загрозувајќи ја безбедноста на полицајците и полициската операција“, соопшти косовската полиција.

Како што се наведува, „полицајците ги задржале, провериле, а потоа пуштиле тројцата возачи од косовска националност, кои добиле упатства да се јават во полициската станица во Јужна Митровица“.

Со соопштението се доставени и идентификациски документи на тројцата задржани, кои ги верификувале полициски службеници, и кои сведочат, како што тврди косовската полиција, и истовремено ги негираат вестите и дезинформациите на медиумите.

Како што претходно јави РТС „двајца од тројцата Срби кои утринава ги претепале припадници на специјалните полициски единици РОСУ на административниот премин Брњак, добиле тешки телесни повреди на лицата и телата и се хоспитализирани во Косовска Митровица“.

Директорот на клиничкиот центар во Косовска Митровица Златан Елек за РТС кажа дека „повредите се последица од удари најверојатно со кундаци и чизми“.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Одлуките донесени од поранешната власт, како што се докажа, беа лоши.

повеќе

Сѐ поочигледно е дека наместо Заев да направи чистка и да замети, граѓаните ќе го изметат него и СДСМ.

повеќе

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе