Полицијата го прекина ЛГБТ-маршот во Анкара, уапси најмалку 30 лица (ВИДЕО)

Денеска турската полиција го прекина „маршот на гордоста“ во главниот град Анкара и уапси најмалку 30 лица, јавува Радио Слободна Европа.

Фото: ЕПА

Околу 50 луѓе почнаа да одат кон главниот парк во градот со знамиња со виножито, и покрај фактот што турските власти ги забранија ЛГБТК-настаните.

Полицијата ја спречи колоната да стигне до паркот, а организаторите велат дека се уапсени најмалку 30 учесници на прошетката.

Мала група противници протестираа поради прошетката во близина на паркот.

Првиот „Прајд“ во Турција се одржа во 2003 година, една година откако партијата на сегашниот претседател Реџеп Таип Ердоган дојде на власт.

Во последните години турските власти воведоа остар пристап кон одржувањето јавни настани на групи што не се религиозно конзервативни, потсетува француската агенција Франс прес.

Минатиот месец, повеќе од 300 учесници на „Прајд“ во Истанбул беа накратко уапсени откако настанот беше забранет.

Фото: ЕПА

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Минатата недела во јавноста се актуелизираше дискусијата за концептот на даночната реформа.

повеќе

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе

Несанкционирањето на овој говор доведува до повторување, ширење и злоупотреба на овие аномалии како еден вид „нормализиран“ начин во политичката борба против поединци и групи со различни мислења.

повеќе