Поларен студ во Америка, замрзнаа Нијагарините водопади (ВИДЕО)

Делови од Нијагарините водопади кои се наоѓаат во државата Њујорк на самата граница на САД и Канада замрзнаа за време на викендот откако минатата недела температурите во тој дел од САД се спуштија на минус 18 Целзиусови степени.

EPA-EFE

Британски Индипендент пишува дека туристите кои вчера се нашле таму можеле да видат големи парчиња мраз како пловат по реката, а облаците пареа и виножитото биле атракција во текот на денот.

Иако на некои фотографии изгледа дека водените слапови се целосно замрзнати, водата никогаш не престанува да тече и покрај екстремно студеното време, а големи замрзнати површини на водопадите беа забележани и во 2014 и 2015, кога областа ја зафати поларен вортекс.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе

Освен неколку изолирани обиди, повеќето луѓе не реагираат кај институциите и не бараат одговорност. 

повеќе