Поддржувачи на Трамп опколиле автобус на Бајден, Трамп објави снимка: „Го сакам Тексас“ (ВИДЕО)

ФБИ вчера соопшти дека го истражува инцидентот во кој колона возила, која носела знаци за поддршка на кандидатурата за резибор на американскиот претседател Доналд Трамп, опкружила автобус кој го превезувал персоналот за кампањата на демократскиот предизвикувач Џо Бајден на автопат во Тексас.

Screenshot

Инцидентот кој се случи во петокот, забележан на видео-снимката која Трамп во саботата ја сподели на Твитер со пораката „Го сакам Тексас“, го поттикна Бајден да откаже барем два свои тексашки предизборни митинзи, а демократите го обвинија Трамп дека ги поттикнува своите поддржувачи на заплашување.

На снимката се гледаат повеќе камионети и теренски возила со знамиња за поддршка на Трамп како опкружуваат автобус од кампањата на Бајден додека возел по автопат од Сан Антонио кон Остин.

Персоналот на кампањата на Бајден тврди дека Трамповиот карван се обидел да го натера автобусот на Бајден да успори и да го турне од патот.

Една снимка објавена на Си-ен-ен покажува како камионет со знаме за Трамп се забива во страната на друго возило кое се наоѓало веднаш зад автобусот. Локалните весници објавија дека со удреното возило управувал активист на кампањата на Бајден.

Според персоналот на Бајден, патниците од автобусот викнале итна служба и го пријавиле инцидентот, а локалните служби реагирале и му помогнале на автобусот да стигне на одредиштето.

Бајден не бил во автобусот, а Тексас трибјун јави дека меѓу патниците биле демократската кандидатка за Претставничкиот дом на Конгресот и поранешна сенаторка на Тексас Венди Дејвис.

„ФБИ знае за инцидентот и спроведува истрага“, кажа за Ројтерс Мишел Ли, портпаролката на ФБИ во Сан Антонио.

Инцидентот на автопатот се случи во момент кога анкетите укажуваат на невообичаено тесна трка меѓу Бајден и Трамп во Тексас, традиционалното републиканско упориште.

„Наместо да се вклучат во продуктивниот разговор за драстично различните визии кои Џо Бајден и Доналд Трамп ги имаат за нашата земја, Трамповите поддржувачи во Тексас решија да им нанесат штета на нашиот персонал, симпатизерите и други луѓе“, кажа портпаролот на Бајденовата тексашка кампања Тарик Тоуфик.

Легенда под Главна слика

Screenshot

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе

Можеби по нас ќе дојдат некои нови клинци што прегрнати ќе го слушаат мртвиот Џоле и ќе го разберат подобро отколку што го разбравме ние на кои со години жив на глуви уши ни пееше за љубовта.

повеќе

За државата Македонија, Македонците се посебен народ со повеќевековна традиција, кои зборуваат, творат, се радуваат и тагуваат на македонски јазик, веќе со векови, во и надвор од територијата на нашата држава.

повеќе