Почнува судењето за убиството на Џорџ Флојд, судијата три недели ја бираше поротата

Судењето на поранешниот полицаец од Минеаполис Дерек Човин за смртта на Џорџ Флојд започнува во понеделник во Минеаполис со сложен процес на избор на порота.

Фото: ЕПА

Судијата само да избере поротници одвои три недели, знаејќи за потенцијалните потешкотии во наоѓањето на непристрасни жители на Минеаполис во случајот што ја подели државата и чија жртва Џорџ Флојд стана меѓународен симбол на борбата за расна праведност.

Судот минатата година испрати прашалник на 16 страници до потенцијалните поротници, испитувајќи го нивното знаење за смртта на Флојд на 25 мај минатата година, по апсењето пред продавница.

Прашалникот содржи прашања од типот: „Ја видовте ли снимката од неговата смрт?“; „Дали учествувавте во протестите што следуваа?“; „Што мислите за движењето ‘Блек лајвс метр’?

Смртта на Флојд е снимена на мобилен телефон на минувач, а на снимката се гледа како Човин со колено притиска на вратот на Флојд скоро девет минути, додека 46-годишникот вели дека не може да дише.

Снимката се рашири на интернет за неколку часа и доведе до еден од најмасовните протести во американската историја.

Адвокатите на Човин се очекува да го оспорат изборот на поротници кои го поддржуваат движењето против институционалниот расизам во американскиот правосуден систем.

Одбраната на Човин петнаесет пати може да го отфрли изборот на поротник без да даде причина, а обвинителите може да го сторат тоа девет пати. Ако која било од страните се сомнева дека член на поротата е отфлен поради раса, етничка припадност или пол, тие можат да побараат од судијата да пресуди спротивно.

Дел од судските експерти се загрижени дека меѓу конечните 12 поротници и четирите замени нема да има црнци и дека ова може да ја наруши довербата на јавноста во идната пресуда. Околу една петтина од жителите на Минеаполис се црнци.

„Потребна ни е порота која претставува спектар на ставови и мислења и демографските карактеристики на нашата заедница“, рече Валери Ханс, професор по право на Универзитетот Корнел.

„Треба да бидат вклучени и луѓе кои можеби биле на протестот и имаат различни ставови на поврзани прашања“.

На Човин му се заканува затворска казна од 40 години, а од страв од протести ќе му се суди во добро заштитена судница. Неговите адвокати тврдат дека тој во справувањето со Флојд користел методи што ги научил на обука.

Флојд беше уапсен под сомнение дека користел фалсификувана банкнота од 20 долари. Аутопсијата покажа дека неговата смрт е делумно предизвикана од полицијата, но и дека тој непосредно пред трагедијата употребил опијат фентанил, поради што адвокатите на Човин тврдат дека смртта е резултат на предозирање, пишува Ројтерс.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Јане бил свесен дека деновите му се одброени и отворено говорел за тоа. Знаел дека многумина имаат причина да го ликвидираат, дека им пречи во остварувањето на нивните „повисоки цели“.

повеќе

Во македонскиот интернет простор постојано се појавуваат и гаснат портали, со што засекогаш исчезнуваат и објавените содржини.

повеќе

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе