Почнаа преговорите во Турција, Ердоган доби аплауз

Претставниците на Украина и Русија се сретнаа во Турција, во канцеларијата на претседателот Реџеп Таип Ердоган во Истанбул. Би-би-си пишува дека тие биле седнати на долги маси, еден наспроти друг, а им се обратил турскиот лидер. Инаку, ова се први разговори лице в лице по повеќе од две недели, но надежите за некаков напредок не се големи.

Фото: Твитер

Ердоган рече дека е тажен што конфликтот влегува во својата петта недела. Турција, членка на НАТО, има добри односи со двете земји и сака да биде посредник во преговорите. Ердоган претходно се спротивстави на санкциите наметнати на Русија, но исто така повика на итен прекин на огнот.

Ердоган рече дека очекува солиден исход од разговорите, истакнувајќи дека мирот нема да има губитници. „Вие ги поставувате темелите на мирот со директивите на вашите лидери. Непосреден прекин на огнот и мир би биле од корист за сите“, рече турскиот претседател, кој доби аплауз по неговиот говор. 

Украинската телевизија јавува дека мировните преговори во Истанбул почнале со ладно добредојде, без ракување, иако не е јасно дали новинарите биле сведоци или само биле информирани дека е така.

Михајло Подољак, политички советник на претседателот Володимир Зеленски, на Твитер напиша дека делегациите разговараат за основните одредби од преговарачкиот процес и дека паралелно работат на целиот спектар контроверзни прашања.

Сопственикот на Челзи, Роман Абрамович денеска е виден како присуствува на мировните преговори меѓу Украина и Русија. Кремљ претходно соопшти дека Абрамович имал улога во мировните преговори, но процесот сега е само во рацете на преговарачките тимови на двете страни.

Легенда под Главна слика

Фото: Твитер

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе