Напаѓачот викал „Алаху акбар“

Почина застреланиот руски амбасадор во Турција (ФОТО+ВИДЕО)

Рускиот амбасадор во Турција, кој беше тешко ранет откако напаѓач упадна во галерија во Анкара и почна да пука во него, им подлегна на повредите, објави Спутник.

„Непознато лице почна да пука за време на јавен настан во Анкара. Како резултат на тоа, рускиот амбасадор во Турција доби прострелна рана“, им рече на новинарите портпаролката на Министерството, Марија Захарова.

Според руското министерство, Карлов бил лекуван на местото на нападот и не бил однесен во локалната болница. Спутник објави дека им подлегнал на повредите.

Амбасадорот, Андреј Карлов, бил застрелан додека се подготвувал да одржи говор на отворањето на изложбата „Русија во окото на Турците“.

На социјалните мрежи кружат фотографии на кои се гледа како напаѓачот носи огнено оружје, вели Раша тудеј, а амбасадорот застрелан лежи на подот.

Напаѓачот, кој носел костум и вратоврска, викал „Алаху акбар“ за време на нападот.

Напаѓачот извикувал „Ние умираме во Алепо, вие ќе умрете тука“ и го застрелал амбасадорот пет пати, а потоа бил убиен од безбедносните сили. Некои медиуми објавија дека напаѓачот бил полицаец.

Последните 11 години Македонија е окована во аграрен, ксенофобичен и социо-економски популизам, кој не се однесува на интересите и потребите на граѓаните, туку на оние кои се повинуваат на волјата на елитата.

повеќе

Политичарите изразуваат „загриженост“ за аерозагадувањето на начин што нѐ оддалечува од наоѓањето решенија, наместо да не доближува.

повеќе

Многу македонски „интелектуалци“, новинари и политичари се повеќе загрижени од можноста да се направи т.н. македонска платформа, отколку од последиците за земјата од прифаќањето на т.н. албанска платформа.

повеќе