Од последици на заразата со коронавирусот

Почина Борисав Јовиќ, некогашниот претседател на Претседателството на СФРЈ

Некогашниот претседател на Претседателството на Социјалистичка Федеративна Република Југославија (СФРЈ) Борисав Јовиќ почина во Воено-медицинскиот центар Карабурма во Белград, од последици на инфекцијата со коронавирусот, потврдија денес за РТС од таа установа.

Скриншот Јутјуб

Јовиќ е роден на 29 октомври 1928, беше претседател на Претседателството на СФРЈ и висок функционер на Социјалистичката партија на Србија.

За време на кариерата беше на високи државни функции, главно од областа на општествено-економскиот развој.

Беше амбасадор на СФРЈ во Италија од 1975 до 1979, а во 1983 беше избран за потпретседател на српската Скупштина.

Од 1988 до 1989 беше претседател на српското собрание.

За претставник на Србија во Претседателството на СФРЈ беше избран на 28 март 1989.

Беше потпретседател на Претседателството на СФРЈ од 15 мај 1989 до 15 мај 1990, а потоа и претседател на Претседателството од 15 мај 1990 до 15 мај 1991.

Тој вечерта на 15 мај 1991 поднесе оставка откако Претседателството на СФРЈ на седница како Врховна команда на Оружените сили на СФРЈ не го одобри предлогот на штабот на Врховната команда на Оружените сили за воведување вонредна состојба, но Народната скупштина на Србија не ја прифати неговата оставка.

Беше претседател на Социјалистичката партија на Србија од 24 мај 1991 до 24 октомври 1992, што претходно беше Слободан Милошевиќ кој формално замина од таа функција бидејќи според уставот не можеше да биде истовремено и претседател на партијата и претседател на Србија.

Кога Милошевиќ се врати на челото на партијата, Јовиќ стана потпретседател на СПС и остана на таа функција до ноември 1995.

Легенда под Главна слика

Скриншот Јутјуб

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе

Тешко е да се очекува дека ветото ќе биде туку-така тргнато. Дури и кога би се постигнал некаков договор, тоа би значело дека Македонија направила тешки и болни компромиси за да дојде до решение, имајќи ги предвид тврдите позиции на Бугарија.

повеќе

Лошите прогнози за инфлацијата и зголемувањето на цените на сите енергенси, не упатува кон еден заклучок - обновливите извори на енергија, заедно со вложувањето во самоодржливост и економијата на подарувањето сега се позначајни отколку кога и да е претходно.

повеќе