Најави оставка

Победа на десницата на шведските избори, премиерката призна пораз на левицата

Лидерот на националистичката популистичка партија Шведски демократи Џими Акесон прогласи денес победа на десничарскиот блок на изборите одржани во Шведска за време на викендот, а премиерката Магдалена Андерсон го призна поразот.

EPA-EFE

Со речиси сите пребројани гласови, десничарскиот блок од четири партии меѓу кои и Шведските демократи по сè изгледа освои тенко мнозинство во шведскиот парламент Риксдаг кој има 349 пратеници. Малиот број гласови кои сè уште не се преброени не можат да го сменат конечниот исход на изборите.

Шведската премиерка Магдалена Андерсон го призна денес поразот на левицата и победата на блокот на десницата и екстремната десница, пренесува Франс прес.

Таа на прес-конференција кажа дека прелиминарните резултати се доволно јасни да се заклучи дека нејзиниот блок на левиот центар ја изгубил власта и најави оставка која официјално ќе ја поднесе утре.

Ветувајќи дека е време „Шведска да се стави на првото место“ Акесон кажа дека неговата партија ќе биде движечка сила во работата на повторната изградба на безбедноста во Шведска.

Андерсон стана првата жена на премиерската позиција во Шведска минатата година и ја водеше земјата кон НАТО по руската инвазија на Украина.

Партијата Шведски демократи Швеѓаните долго време ја бојкотираа поради нејзините корени во неонацистичкото движење. Во последните години таа се смени исфрлајќи ги екстремистите и доби поддршка со цврстиот став кон криминалот и емиграцијата во време кога во земјата се бележи скок на оружените напади и насилството.

Како резултат на тоа десничарскиот блок освои 176 места во парламентот, а блокот на левиот центар на премиерката Андерсон 173 места.

„Четири десничарски партии изгледа освоија едвај нешто помалку од 50 отсто од гласовите на изборите и во Риксдагот имаат предност од еден или два мандати. Тоа е тенко мнозинство, но е мнозинство. Утре поради тоа ќе побарам смена на местото премиерка и одговорноста за продолжувањето на процесот сега ќе премине на претседателот на парламентот“, кажа Андерсон.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Сведоци сме деновиве на сензационална приказна за некаков американски тим кој, внимавајте, агресивно ќе ловел корупција во Македонија.

повеќе

Најавите на американската администрација за бескомпромисна  борба против овие корумпирани,  неспособни  и криминални структури на сите нивоа на државата за македонските граѓани се единствено светло во тунелот.

повеќе

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе