Хрватскиот премиер

Пленковиќ за Лавров: Србија мора да внимава, ова не е време да седи на две столчиња

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ ја искоментира ситуацијата во Србија и скандалот со недоаѓањето на шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров. Тој кажа дека сето тоа е работа на Србија и Русија и дека нема врска со Хрватска.

EPA-EFE

„Тоа е работа на Русија и Србија, нема врска со нас. Србија мора да внимава која страна ја бира и држи, ова не е време за седење на две столчиња“, кажа денес Пленковиќ.

Посетата на рускиот министер за надворешни работи Лавров во Белград беше откажана откако околните земји, меѓу кои и Македонија, го затворија својот воздушен простор за неговиот авион.

Претседателот на Србија Александар Вучиќ на Инстаграм напиша дека амбасадорот на руската федерација Александар Боцан Харченко го информирал за причините за откажувањето на посетата.

„Амбасадорот на Руската Федерација Боцан Харченко ме извести за причините кои го оневозможија доаѓањето на министерот Лавров во Белград и ги донесе документите кои тоа го поткрепуваат“, кажа Вучиќ и најави дека вечерва подетално ќе ја информира јавноста.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

На 6 октомври 1946 година почна носењето на моштите на Гоце Делчев од Софија во Скопје, столицата на слободна Македонија.

повеќе

Постои нужна потреба од прилагодување на студиските програми, соодветните силабуси и наставниот курикулум на реалната потреба на пазарот на труд во државата.

повеќе

Во текот на оваа и претходната година, инфлацијата ја задуши македонската економија. 

повеќе