„Второ, оваа одлука не е одложена туку стапува на сила за сите во декември. Вучиќ не се избори за некакво одложување. Таа ќе стапи на сила на време“, кажа Пленковиќ по враќањето од Прага.
Додаде дека Србија може да увезе каква било нафта, освен руска.
„Ако Србија може да набави каква било нафта, а да не е руска, тогаш во што е проблемот? Нема проблем. Јанаф е тука, Крк е тука, Хрватска е тука“, додаде хрватскиот премиер.
Коментирајќи ги изјавите на српскиот државен врв, кажа дека се „смешни, навредливи, неточни и безобразни тези“.
„Јасно е дека Србија ја сфати пораката – ако сака во ЕУ, тоа подразбира некои принципи и некои пакети санкции“, истакна Пленковиќ.
Што се однесува до исклучоците, тој наведе дека мора да се докажат вонредни околности.
„Ако рафинеријата во Панчево не може да преработува ниедна нафта освен руската тогаш веројатно ЕУ би им дозволила“, кажа Пленковиќ.