Пленковиќ: Повеќе лидери на членки на ЕУ го повикаа Вучиќ да ѝ воведе санкции на Русија

Низа европски лидери на самитот ЕУ-Западен Балкан во Тирана го повикале српскиот претседател Александар Вучиќ Србија да го прифати надворешнополитичкиот став на ЕУ, а тој во албанската престолнина напоменал дека Белград ја осуди руската агресија на Украина и дека го почитува украинскиот територијален интегритет, кажа хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ.

EPA-EFE

Хрватскиот премиер е во Тирана на состанокот на земјите од ЕУ и Западниот Балкан, а на новинарите им кажа дека тие средби, кои се чести благодарение на иницијативата на Хрватска, ја забрзуваат динамиката на приближување кон членството на земјите од регионот.

Првиот таков собир беше одржан во 2000 во Загреб, па потоа во 2003 во Солун, па во Софија во 2018, па самитот во Загреб во 2020, Брдо во 2021 и сегашниот во Тирана. „Динамиката на средбите на највисоко ниво стана интензивна, мислам дека тоа ќе го забрза процесот“ на пристапување на шесте земји од Западниот Балкан во ЕУ, смета Пленковиќ.

Тој кажа дека во декларацијата по самитот за првпат не се користи „еуфемизам за европската перспектива“, туку се зборува за „перспективата за членство во ЕУ“, што е „поконкретен израз“ кој ја покажува поголемата приврзаност за проширување на членките на ЕУ.

Пленковиќ кажа дека српскиот претседател Александар Вучиќ на собирот од „низа лидери“ бил прозван Србија да застане зад надворешнополитичкиот став на ЕУ, особено во однос на санкциите.

„Тој зборуваше дека тие секогаш ги имаат тие внатрешни работи кои се однесуваат на односот кон Русија, но исто така напомена дека ја осудија руската агресија на Украина и дека го почитуваат украинскиот територијален интегритет“, кажа хрватскиот премиер. Србија, покрај Белорусија, е единствената европска земја која не ѝ воведе санкции на Русија.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Калоѓера не може да премолчи, не може да замиже пред историската вистина на Македонија, па затоа во својот живот се определил да македонствува.

повеќе

Слушањето како способност да го фокусираме вниманието на аудитивните дразби е важен аспект на нашиот живот и значително влијае на неговиот квалитет во сите сегменти.

повеќе

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе