Хрватскиот премиер

Пленковиќ исвиркан на отворањето на Европското првенство во ватерполо во Сплит (ВИДЕО)

Премиерот на Хрватска Андреј Пленковиќ беше исвиркан вчера за време на говор на отворањето на Европското првенство во ватерполо во Сплит.

EPA-EFE

Откако водителката го најави Пленковиќ, во салата се слушнаа свирежи, кои хрватскиот премиер ги игнорираше и одржа говор.

„Сакам спортска фер игра за да уживаме во деновите кои се пред нас. На сите од срце ви сакам голем успех, добри натпревари и фер плејот да нè краси како што го краси спортот во Хрватска, во Сплит“, кажа Пленковиќ.

Сето ова се случи во екот на аферата со кражбата од Ина во која беше вклучен и директорот, член на владејачката ХДЗ. Штетата за Ина според инспекторите надминува милијарда куни (133 милиони евра).

Пленковиќ вчера им честиташе на сите кои учествувале во разоткривањето на аферата истакнувајќи дека системот функционира и дека сите државни институции реагирале брзо и ефикасно.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Сведоци сме деновиве на сензационална приказна за некаков американски тим кој, внимавајте, агресивно ќе ловел корупција во Македонија.

повеќе

Најавите на американската администрација за бескомпромисна  борба против овие корумпирани,  неспособни  и криминални структури на сите нивоа на државата за македонските граѓани се единствено светло во тунелот.

повеќе

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе