Министерството за внатрешни работи наведе дека станува збор за коверт сличен на оние кои беа откриени вчера и денес во министерството за одбрана, украинската амбасада, американската амбасада, Сарагоса и воздухопловната база Торехон.
Писмо-бомба во базата Торехон пристигнало рано утринава и истрагата е во тек.
Експлозивната направа во Сарагоса е откриена синоќа во фабрика за оружје која произведува минофрлачи кои Шпанија ѝ ги испратила на Украина. Полицијата извршила контролирана експлозија на пакетот.
Вчерашната експлозија во амбасадата на Украина се случила кога еден вработен го отворил писмото испратено до амбасадорот. Вработениот е полесно повреден.
Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба нареди засилување на мерките за безбедност на сите украински амбасади. Тој побара од шпанскиот колега да спроведе итна истрага.
Шпанскиот национален суд ја истражува експлозијата како терористички чин.