Писателот Салман Ружди нападнат на сцена во Њујорк (ФОТО+ВИДЕО)

Авторот Салман Ружди, кој со години добиваше смртни закани откако го напиша романот „Сатанските стихови“, беше нападнат на сцена во државата Њујорк, прободен е во вратот и со хеликоптер е пренесен во болница.

Фото: Твитер

Добитникот на Букеровата награда во моментот на нападот говорел на настан на институцијата Чаутауква.

Сведоците велат дека виделе човек како трча на сцената и го удира или го прободува г. Ружди додека го најавувале на сцената.

Државната полиција потврди дека Салман Ружди добил убодна рана во вратот.
 
Тој е пренесен со хеликоптер во локалната болница, соопшти полицијата.

На видео објавено на интернет се гледа како присутните трчаат кон бината веднаш по инцидентот.

 

Се вели дека напаѓачот бил задржан од луѓе на местото на настанот.

Во моментов не е позната состојбата на г. Ружди.

Првиот врховен лидер на Иран, ајатолахот Рухолах Хомеини, во февруари 1989 повика Ружди да биде убиен, под обвинение за богохулење во неговиот роман „Сатанските стихови“.

Книгата беше забранета во неколку земји, а британската влада воведе полициска заштита за Ружди, кој неколку години се наоѓаше во бегство.

Понудена беше и награда од над 3 милиони долари за кого било што ќе го убие Ружди.
 
Иранската влада одамна се дистанцира од декретот на Хомеини, но гневот кон Ружди остана. Во 2012 година, полуофицијална иранска верска фондација ја зголеми наградата за Ружди од 2,8 милиони на 3,3 милиони долари.
 
Ружди тогаш ја отфрли таа закана, велејќи дека „нема докази“ дека луѓето се заинтересирани за наградата.
 
Таа година Ружди објави мемоари, „Џозеф Антон“, за фатвата.

Легенда под Главна слика

Фото: Твитер

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе