За Њу саентист

Пет научници кажуваат што ќе се случува со пандемијата на ковид-19

Пет угледни научници од Британија, Австралија и Кина за Њу саентист кажуваат што очекуваат дека ќе се случува во наредниов период со пандемијата на ковид-19, која го преврте светот наопаку и не покажува знаци на исчезнување.

Фото: ЕПА

Дејвид Хантер, професор по епидемиологија и медицина на универзитетот Оксфорд, Велика Британија

„Многу се дискутира за втор бран, и за тоа кога бранот е бран, или дали ќе биде бранче. Или некои луѓе сугерираат дека подобра аналогија се струите. Искрено се надевам дека нема да има уште една пандемија како таа во март-април, дека ќе биде многу поослабена. Јас мислам дека ќе биде таква, затоа што средивме многу работи: поупатено население, социјално дистанцирање, миење раце и носење маски.

Тоа треба да значи дека кривата на епидемијата е ослабена. Ако можеме, додека опстојува вирусот, повеќе да се посветиме на заштитата на старите, би требало да има многу помалку смртни случаи, дури и ако има многу заразени. Значи, многу подобро сме организирани отколку што бевме пред шест месеци, па дури и ако има втор бран, или пак да се појави некоја струја, се надевам дека ќе има помала стапка на смртност.

 

Деви Сридар, професор по глобално јавно здравје на Универзитетот во Единбург, Велика Британија

Ако имате можности за масовно тестирање, може да го исчистите вирусот. Па тука ќе се уфрли и вакцината, можеби до почетокот на 2021 година.

Ако се префрлиме на тестови врз основа на плунка, кои се брзи и евтини, тоа ќе го олесни тестирањето. Постојат начини да се постигне тестирање на сите на неделна база, доколку тестирате стратегиски, онаму каде што ви е најголемиот ризик. Но во почетокот не можевме да прифатиме дека ќе ни требаат милиони тестови, а логистиката е комплицирана.

Друго сценарио е дека може одреден тип од овој вирус што е позаразен, но е помалку сериозен, да почне да станува преовладувачки тип, но мислам дека тоа ќе биде за неколку години. Третата опција е имунитет од Т-клетки. Имаме тестови за антитела, но некои имунолози сметаат дека антителата го прикажуваат како помал бројот на имуните луѓе. Можно ли е да имаме повеќе имуни луѓе отколку што мислиме?

 

Зои Хајд, епидемиолог, Универзитет на Западна Австралија

Се надевам дека богатите земји како Австралија ќе можат да покренат програма за вакцинација во почетокот на следната година, под претпоставка дека испитувањата во фаза III се успешни. Вакцината нема веднаш да ги врати работите во нормала. Првите вакцини можеби нема да исчистат сè - сепак, мислам дека ќе бидат доволни за повторно да профункционираат нашите економии. Потоа можеме да истражуваме опции како што е зајакнување со друг вид вакцина.

Сликата нема да биде толку розова во многу посиромашни земји, бидејќи тие ќе се мачат со логистиката за вакцинирање на своето население.

Загрижена сум за Индија, која е на пат да стане епицентар на пандемијата. Покрај човечката цена, очекувам да има и глобални последици поради нејзината клучна улога во производството на фармацевтски производи. Домино-ефектот најсилно ќе се почувствува во земјите во развој, каде што прекинот во снабдувањето со лекови може да доведе до многу индиректни смртни случаи.

 

Бенџамин Коулинг, професор по епидемиологија и биостатистика, Универзитет на Хонг Конг, Кина

Се надеваме дека ќе добиеме вакцина веројатно следниот април до јуни. Прво ќе ги вакцинираме најранливите луѓе. Значи може сè уште да биде потребно одредено социјално дистанцирање, но можеби не толку строго како сега - само да се обидеме да го забавиме ширењето за да можеме да ги вакцинираме сите. И тогаш работите може релативно да се вратат во нормала.

Но дури и откако целата популација ќе биде вакцинирана, ако ефективноста не е толку добра како што се надеваме, или ако се појави тип на вирусот што може да ѝ пркоси на заштитата од вакцините, тогаш ќе имаме зимски епидемии на ковид-19, како што имаме и на грипот. Дури и кај вакцинираната популација со делумна заштита, зимската епидемија на ковид-19 сепак може да нанесе поголем удар отколку зимската епидемија на грип, бидејќи на индивидуална основа, (ковид-19) е 10-20 пати посериозен.

 

Рајна Мекинтајр, раководителка на истражување за биосигурност, институт Кирби, универзитет во Нов Јужен Велс, Австралија

Во отсуство на ефективна вакцина, ќе имаме периоди на појавување и исчезнување на епидемијата, и тие ќе варираат од земја во земја. Ќе има повеќе болести и здравствените системи ќе бидат оптоварени, а потоа ќе се вратат интервенциите. Ќе биде во циклуси.

Можеби нема да чекаме многу долго за вакцините, некаде следната година се надевам. Но нема да можете да направите 7 милијарди дози преку ноќ. Богатите и моќни земји веројатно ќе купат голем дел од резервите, а другите земји ќе мора да чекаат во редица.

Ако не можете да постигнете масовна вакцинација во тие земји, може само да ги ловите жариштата и да правите прстенеста вакцинација (на оние што има најголеми шанси да се заразат, н.з.). Тоа се случи со сипаниците, како и со еболата. Тогаш, ако имате жариште, ги вакцинирате сите блиски контакти.

Но долго време ќе имаме жаришта на ковид-19 во светот. За вариолата ни требаа повеќе од 20 години за да ја искорениме - тоа е временската рамка за која зборуваме дека ќе живееме со ковид-19.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

И Софија ќе треба да не го запре македонското евро-интегрирање на самиот почеток – и Скопје ќе треба да ја декомунистицира и дејугословенизира својата елита, економија, политика, наратива и медиуми.

повеќе

На светов има доволно место и за доктори и за антиваксери, и за научници и инженери, како и за рамноземјани и антимаскери, за уметници и фантазери.

повеќе

Во Законот кој е предложен воопшто не се цели на попишување на реалната состојба на терен, туку се цели на попишување на сите возможни граѓани заради задоволување на политички цели.

повеќе