На снимката од хеликоптерот на ВРАЛ-ТВ, филијала на Си-ен-ен, се гледаат десетина возила на брза помош наредени на пат во шумска област. Гувернерот на Северна Каролина Рој Купер изјави дека разговарал со градоначалничката на Рали Мери-Ен Болдвин и дека на местото на настанот било испратено засилување. Најмалку четворица ранети се примени во болницата Вејкмед, рече тој, без да соопшти детали за состојбата на жртвите.
Првите истрели се слушнале нешто по 17 часот по локално време на шеталиштето во тој град со 500.000 жители. Новинските агенции претходно објавија шест смртни случаи.
Околу 49 илјади луѓе биле убиени од огнено оружје во САД во 2021 година, а 45 илјади во 2020 година, што е повеќе од 130 смртни случаи дневно, од кои повеќе од половина се самоубиства.