Песков: Западните земји ги блокираат мировните преговори со Украина

Москва ги обвини западните земји дека ги спречуваат мировните преговори со Украина и дека со тоа ја продолжуваат војната.

Фото: ЕПА

„Во овој момент, западните земји ги ставија сите свои влогови за продолжување на војната“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, за државната телевизија.

Под водство на Соединетите Американски Држави, Западот не ѝ дозволува на Украина да „размислува за мир, ниту да зборува за тоа, ниту да разговара за тоа“, рече Песков, мислејќи на изјавите на западните политичари што рекоа дека не сакаат да ја принудат Украина да преговара.

Без разлика на тоа, моментот за преговори ќе дојде, рече Песков. Сепак, за да се постигне мир, Украина ќе мора да ги прифати руските барања, меѓу кои е и признавањето на црноморскиот полуостров Крим како руска територија и отстапувањето на провинциите Доњецк и Луганск, додаде тој.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Минатата недела во јавноста се актуелизираше дискусијата за концептот на даночната реформа.

повеќе

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе

Несанкционирањето на овој говор доведува до повторување, ширење и злоупотреба на овие аномалии како еден вид „нормализиран“ начин во политичката борба против поединци и групи со различни мислења.

повеќе